дома Локално Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии

ЈСП Скопје информира дека денеска поради верскиот празник Богојавление – Водици автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

На Водици, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а жичницата нема да работи. Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.

– На православните христијани им го честитаме празникот Богојавление – Водици, се наведува во соопштението.

ПредходнаПравославните верници го слават Богојавление-Водици
СледнаСтудено и сончево, минималната температура – 8, максималната 6