дома Локално Излезе од печат „ДИПЛОМАТСКИОТ ЛЕТОПИС” број 19

Излезе од печат „ДИПЛОМАТСКИОТ ЛЕТОПИС” број 19

 

Во издание на Дипломатски клуб – Скопје излезе од печат најновиот број на списанието за дипломатија, меѓународни односи и меѓународно право -„Дипломатски летопис” број 19.

Во фокусот на овој број се поместени авторски текстови за создавањето на стратешките сојузи и нивното влијание врз националните интереси и економскиот развој на државите. Посебен осврт е даден на влијанието на тектонските поместувања во геополитиката врз состојбите во Европската унија, особено во светлината на интенциите за нејзино проширувње со нови членки.

На 78 страници во „Летописот” свои видувања на наведените теми изнесуваат Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, поранешниот Претседател на РС Македонија Стево Пендаровски, поранешната Гувернерка на Народната банка на СР Македонија Анита Ангеловска Бежоска, Шефот на Амбасадата на Полска во Скопје Мариуш Бримора, поранешниот Амбасадор Виктор Габер, како и на дипломатите Сања Зографска и Зоран Тодоров. 

Следуваат осврти: за влијанието на дипломатијата во развојот на транспортната инфтаструктура; за 80 години од усвојувањето на Повелбата на Обединетите нации, за 30-те години од етаблирањето на нашата држава на меѓународен план; за атентатот на поранешниот Претедател Киро Глигоров, како и редовните блокови „Дипломати писатели”, „Гостин Новинар”, „Почесни конзули” и „Меѓу два броја”.

ПредходнаЗнаци кои најлошо се однесуваат под стрес
СледнаТрендафилов бара одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска откако објави видео со неговите малолетни деца