Американските разузнавачки агенции веруваат дека Кина развива нова генерација нуклеарно оружје. Покрај тоа, властите во Пекинг веќе спроведоа барем еден тест како дел од трансформацијата на својот нуклеарен арсенал.

Ова го објави Си-Ен-Ен. Телевизиската станица се повика на извори кои побараа анонимност.
Според нивните информации, благодарение на инвестициите во својот нуклеарен арсенал, Кина ќе има технички капацитети што не ги поседува ниту една од доминантните нуклеарни сили .
Си-Ен-Ен забележува дека во јуни 2020 година, Кина веројатно спровела тест на локацијата Лоп Нур, која се наоѓа на северозападниот дел од земјата.
На овој начин, Пекинг го прекрши мораториумот воведен во 1996 година. Американските разузнавачки агенции веруваат дека тестот бил мотивиран од желбата на Кина да создаде нова генерација нуклеарно оружје.




