дома Локално Сончево и студено утро, снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка

Сончево и студено утро, снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка

   Минималните температури утринава се спуштија до -4 степени во Берово, -3 во Попова Шапка, -2 во Маврови Анови, Битола и Струмица, -1 во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово, Крива Паланка и Крушево. Нула степени се измерени во Демир Капија, Претор, Прилеп, Велес и Пожаране, додека 2 степени во Ѓуриште, Виница, Кавадарци и Гевгелија. Најтопло утринава со 3 степени било во Куманово, Штип и Скопје-Зајчев Рид.

Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки  работи, на Попова Шапка е измерена и најголемата снежна покривка во земјава, која изнесува 88 сантиметри.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

ПредходнаПосебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на албанскиот претседател
СледнаСоветот на ЈО се огради по повикот од Филков. Не било нивна надлежност