дома Македонија Економија Нов скок на дизелот, поскапува за два денари

Нов скок на дизелот, поскапува за два денари

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи за два денари да ја зголеми цената на дизелот, а цената на бензините останува непроменета.
Според тоа, од полноќ дизелот ќе се продава по цена од 71 денар за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 70 денари за литар.
Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 73,5 денари, а Еуросупер БС-98 за 75,5 денари за литар.

ПредходнаСОС Охрид бара итно запирање на градежните работи во Горица и спроведување на препораките од УНЕСКО
СледнаБарање за двојазични материјали ја одложи работата за Изборниот законик