Територијата на Македонија во периодот кој што ни следува останува да биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релатино топла воздушна маса од југ која ќе условува и понатаму да имаме натпросечно високи температури на воздухот. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност.
Само утре 5-ти март 2026 четврток ќе имаме повеќе облачност во Македонија и ќе има локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има повремен снег. Тоа значи дека утре во Македонија ќе имаме краткотрајна промена на времето која краткотрајно на повеќе места ќе ни донесе врнежи со слаб до умерен и со умерен интензитет.

Во Скопје, остатокот од неделата носи пролетен почеток, па краток прекин. Во среда се очекуваат околу 19 степени, во четврток пад до околу 14 степени со променлива облачност и можни попладневни врнежи, а од петок до недела повторно стабилизирање со дневни температури од 16 до 19 степени. Ноќите ќе бидат значително постудени, со минимум околу нула, а во недела наутро и до минус 2 степени.
Во Тетово и Куманово сликата е слична, со малку потопла среда во Полошко. Тетово во среда може да стигне до 19 степени, потоа во четврток паѓа на околу 14 со локални попладневни врнежи, па повторно се враќа на 17–18 степени во петок и сабота. Куманово останува во рамка од 18 степени во среда, 12 во четврток и 15–16 степени за викендот, со студени утра околу нула и под нулата кон недела.
Во југозападниот и пелагонискиот регион ќе биде посвежо, особено крај езерото. Охрид во среда се движи околу 13 степени, во четврток околу 10 степени со можни попладневни врнежи, а од петок до недела останува претежно сув со дневни максимуми околу 12 степени. Битола ќе има 15 степени во среда, пад на 12 во четврток со врнежи попладне, а потоа 13–14 степени до крајот на неделата. Во Прилеп среда носи околу 16 степени, четврток околу 11 со локални врнежи, а викендот е сув со 13–14 степени.
Ова значи дека за остатокот од неделата главниот временски „пресврт“ ќе биде во четврток, додека петок, сабота и недела повеќе личат на стабилен ранопролетен период. Во повеќе градови утрата ќе останат студени, па иако попладне температурите ќе бидат пријатни, денот ќе почнува со услови за мраз во повисоките и котлинските места.




