дома Граѓански Конференција „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во...

Конференција „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“

  Конференција „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Олимпискиот комитет.

Конференција „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“Воведни обраќања ќе имаат министерот за спорт Борко Ристовски, шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Микалис Рокас, претседателот на Олимписки комитет, Даниел Димевски и директорот  на МЦМС, Александар Кржаловски.

Како што информираат од МЦМС, конференцијата ќе отвори широка и конструктивна дискусија меѓу клучните чинители за состојбите и предизвиците поврзани со родовата еднаквост и родово базираното насилство во спортот во Северна Македонија. Ќе се презентираат и дискутираат наодите од два сеопфатни извештаи: Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија и Родово базирано насилство врз жените во спортот во Северна Македонија.

-Извештаите нудат релевантни податоци, анализа на институционалната рамка и конкретни препораки насочени кон унапредување на политиките, воспоставување ефективни механизми за заштита и зајакнување на институционалната одговорност. Наодите укажуваат дека спортот, како значаен општествен сектор, не е изолиран од структурните нееднаквости и предизвиците поврзани со родово базираното насилство, што ја нагласува потребата од координиран и системски пристап, соопшти МЦМС

ПредходнаТрајановски: Наместо 600 евра минимална плата, власта има други, погрешни приоритети
СледнаЗаконот за Jавното обвинителство денеска на ред во Собрание