дома Македонија Црна хроника Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување...

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

  СВР Тетово соопшти дека вчера е приведен 15 годишник од тетовско Џепчиште под сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово.

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомбиТој е лишен од слобода вчера околу 14 часот кога полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории сопственост на неговиот татко Б.М. (44) од с. Џепчиште.

-При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот 15-годишен син, поради сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово, информира СВР Тетово.

По целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера за слични закани беше приведен и 18 годишник од Палатица. 

ПредходнаМицкоски: Трагедијата во Кочани е настаншто не се мери со време, туку со болка
СледнаПолиција уапси 21 возач: алкохол, без дозвола, забрана за управување