дома Локално Женско рели 2026 низ улиците на Скопје

Женско рели 2026 низ улиците на Скопје

  Женско рели 2026 традиционално по седми пат ќе се одржи денеска низ улиците на Скопје, во организација на Автомобилистичката федерација на С.Македонија, членка на Светската автомобилистичка федерација (FIA).

Женско рели 2026 низ улиците на Скопје Екипите составени од возач и совозач ќе поминат градска рута, а потоа ќе ја покажат својата вештина и умешност зад воланот во втората етапа – спретно возење на затворен паркинг во безбедни услови, меѓу конуси.

За учество на релито, како што информира организаторот, веќе има пријавено над 100 учеснички.

Женско рели има за цел да ја промовира улогата на жените во мотоспортот, тимската работа и позитивната енергија, како и да ја подигне свеста за безбедност во сообраќајот.

ПредходнаНајстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3
СледнаВелосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“