дома Локално Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален...

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

 

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи, најавуваат дека во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време, до среда со повремени локални врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.

ПредходнаХоландската полиција уапси четири лица поради пожар во синагогата во Ротердам
СледнаEдeн мeceц пoдoцнa. Kaĸo иcĸлyчyвaњeтo нa Cтapлинĸ влиjaeшe вpз вoeнитe ĸoмyниĸaции нa Pycиja?