дома Локално Дождливо и постудено од утре до крајот на неделата

Дождливо и постудено од утре до крајот на неделата

 ОД утре и следните  неколку денови  до викендот ,времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во снег.

Како што информира УХМР, утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно, а попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец, а од петок ќе дува северен ветер. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

ПредходнаИзвршниот одбор на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов
СледнаУтре, делови од Скопје и скопската околија без струја