дома Македонија Општество За утре најавена нова евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток со...

За утре најавена нова евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток со специјален лет

-Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, наведуваат од Амбасадата во објава на Фејсбук.

Евидентирањето, посочуваат од Амбасадата, може да се изврши на следните контакти – Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби, телефон: +971 56 441 7532 и е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk.

Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.

ПредходнаНоќеска Кочани бдееше за своите ангели.Во 2 часот и 32 минути, оддадена почит во спомен на трагично загинатите
Следна„Битка по битка“ со шест Оскари, „Грешници“ со четири