дома Култура Kонцерт на триото Додовски, Георгиевски и Спировски во Социјален центар „Дуња“

Kонцерт на триото Додовски, Георгиевски и Спировски во Социјален центар „Дуња“

  Kонцерт на триото Додовски, Георгиевски и Спировски ќе се одржи вечер во Социјален центар „Дуња“ со почеток во 20:30 часот.

Kонцерт на триото Додовски, Георгиевски и Спировски во Социјален центар „Дуња“Димитар Додовски е продуцент и визуелен уметник од Битола. Има издадено повеќе соло албуми и соработувал во проекти како Post Global Trio, Moss Garden, Niskogradba, Dérive Dub и Private Mountain. Последниот албум Mineralmusik ја одбележува 20-годишнината од неговото музичко творештво.

Мартин Георгиевски е продуцент од Скопје на амбиентална и импровизирана музика, активен од 2009 година под псевдонимот Амплидајн Ефект. Во изминатите години, проектот издаде бројни албуми и настапуваше на реномирани регионални и меѓународни фестивали, меѓу кои Похода (Словачка), Десонанз, Лајв Саундтрак (Белград), ToBe Continued (Италија), ПНЕМ Саунд Арт Фестивал (Холандија), Скопскиот џез фестивал.

Нинослав Спировски е македонски фри џез кларинетист и саксофонист, дел од генерацијата што го поттикна новиот бран на импровизирана музика во земјава. Како еден од најактивните учесници на сцената, застапува личен израз и оригиналност надвор од традиционалните џез шеми. Најпознат е по работата со Светлост и Светлост + Одрон Ритуал Оркестра, а учествува и во бројни други состави.

Настанот претставува отворена звучна сесија што произлегува од моменталната интеракција помеѓу учесниците, без однапред зададена форма или композиција, се наведува во соопштениете на организаторот.

ПредходнаКако војната на Блискиот Исток ќе ги промени летните патувања
СледнаТри македонски драми во престижниот избор на Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“