дома Македонија Ноќеска горел кровот од амбулантата во затворот Идризово

Ноќеска горел кровот од амбулантата во затворот Идризово

Кровот во затворот Идризово во делот кај амбулантата ноќеска бил опожарен. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот е пријавен во СВР Скопје во 00:21 часот и дека е извршен увид и се утврдуваат причините.
–             На 26.03.2026 во 00.21 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал пожар на кров од објектот на затворското одделение – амбуланта. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.

ПредходнаКујната во РЕК Битола привремено затворена по симптомите на труење кај вработени
СледнаЕкспертите бараат повеќе мерки, кризата е многу поголема од 2022