дома Македонија Политика Шест волови од Македонија „пребегаа“ во Бугарија: Институциите одлучуваат за нивната судбина

Шест волови од Македонија „пребегаа“ во Бугарија: Институциите одлучуваат за нивната судбина

Животните прва ги забележала градоначалничката на селото Ѓуешево, Татјана Георгиева, која веднаш го пријавила случајот во Општината. По нивното заловување, вклучени се Регионалната комисија за контрола на храната, како и граничните и општинските власти за да го решат проблемот согласно прописите.

Како што јавува „БНР.бг“, случајот потсетува на познатата крава Пенка, која пред неколку години влезе во Бугарија од Србија. Иако според европските регулативи животните кои влегуваат од земји надвор од ЕУ треба да бидат усмртени, Пенка тогаш стана меѓународен симбол и по долги дебати беше поштедена, по што нејзиниот сопственик продолжи да се грижи за неа.

ПредходнаПочестиот секс може да ја подобри машката плодност
СледнаШто е споделување и зошто е опасно?