дома Локално „НаЈбољи Клен“: Скопјанец со 4,01 промили алкохол шибал по Скопје

„НаЈбољи Клен“: Скопјанец со 4,01 промили алкохол шибал по Скопје

Синоќа во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки му било извршено алкотестирање и било констатирано дека Б.Л. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 4,01 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

По насоки од јавен обвинител, тој е задржан во полициска станица и возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПредходнаМицкоски за употребата на името на Македонија: Невозможно е некој надворешен да дојде до говорот на првата дама на САД пред таа да го соопшти во јавноста
СледнаНa Орце му легна BTR. Скопје добива „метро на тркала“