дома Локално Атлетска трка утре во Скопје, пријавени 500 натпреварувачи

Атлетска трка утре во Скопје, пријавени 500 натпреварувачи

Во Скопје утре со почеток во 10 часот ќе се одржи петтото издание на трката „Водно 10К“ што ја организира Атлетскиот клуб „Фортиус“.

На трката се пријавени 500 натпреварувачи. Стартот е на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата е по асфалтниот пат до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 км. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафетна трка.

     Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот.

За натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз кој ќе сообраќа од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на средно Водно, а по завршување на трката по обратен редослед.

 

ПредходнаВлатко Стефановски го доби Поринот за животно дело во Сплит
СледнаАнкета: Христијан Мицковски осамен на врвот, по него Ахмети, па Апасиев, па…