Синот кој го уби својот татко во Гостивар сакал да ги прикрие трагите. Обвинителството денеска излезе со морничави детали дека откако го убил татка си, го измил неговото тело и го подготвувал за погреб.
Случајот е откриен од страна на случаен минувач кој се јавил во полиција.
Синот на возраст од 33 години по вербалната расправија со татка си почнал да го удира со раце и со тешки метални предмети нанесувајќи му тешки повреди.
За осомничениот се бара мерка притвор поради ризикот од бегство, опасноста да влијае врз сведоците и да ги прикрива трагите.




