дома Македонија Над 25.000 слободни места за упис во средно

Над 25.000 слободни места за упис во средно

Над 25 илјади слободни места има во средните училишта во земјава за кои ќе може да конкурираат учениците со завршено основно образование.
Во средното стручно образование слободни се 17.000 места, во гимназиското околу 6.000, а 570 места се резервирани за уметничките училишта.
Аплицирањето е електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, а притоа ќе треба да користат посебна најава преку своите кориснички сметки на schools.mk.
За првиот уписен рок во јуни ќе има две пријавувања – едното од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни.
Вториот уписен рок во август ќе се одржи на 20 август.

ПредходнаДетали од убиството во Гостивар – синот сакал да ги прикрие трагите
СледнаШаховски фестивал „50 години ШК Алкалоид“