дома Македонија Јавниот обвинител работи под диктат на Мицкоски, вели Филипче

Јавниот обвинител работи под диктат на Мицкоски, вели Филипче

Според опозициската СДСМ, новиот јавен обвинител работи под диктат на премиерот Христијан Мицкоски, а најдобра потврда за тоа е неговиот чекор да ги повлече овластувањата за судските предмети меѓу кои се и предметите што ги водеше обвинителката Ленче Ристоска за замрзнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на партијата Венко Филипче денеска на брифинг со новинарите рече дека се партизира судството, наместо да се спроведува реформската агенда.

Вие ме прашавте пред некое време зошто ние не гласавме во Парламентот. Еве зошто не гласавме и не му дадовме поддршка. Затоа што работи по диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите во коишто ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси. Има ли поголем доказ? Ова е само дел од востановената пракса уште од почеток од на Владата кога се инсталираа и членови од Судски совет, судии и обвинители итн. Тогаш укажувавме дека се партизира судството, укажувавме дека не се спроведува реформската агенда со законите од правосудството. Ова не не изненадува, обивинителот е под директна контрола на премиерот тоа е знак, и ништо друго, рече Филипче.

ПредходнаСтојанче Јовановски ја тепал Ивана пред детето, ја принудил и да му даде 40.000 денари
СледнаФилипче: ВМРО – ДПМНЕ не сака да бидеме дел од ЕУ