дома Локално За 47 социјални станови во Дебар, доставени 85 барања

За 47 социјални станови во Дебар, доставени 85 барања

  На објавениот оглас на Министерството за транспорт, за распределба на 47 социјални станови во Дебар, до определениот рок, 30 март,  доставени се 85 барања. 

-До крајниот рок, до службите на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, доставени се 85 барања. Станува збор за распределба на 47 социјални станови со површина од 34 до 54 квадратни метри, изјави за МИА, Арлинда Муладаути-Телќиу, директорка на Центарот.

Според неа барањата со потребната документација денеска се доставени до соодветната комисија во Министерството за транспорт.

Распределбата на становите, посочи таа, ќе биде согласно методологијата за бодирање на кандидатите и порачува дека становите ќе бидат распределени на фер и транспарентен начин.

Ова е втора станбена зграда со социјални станови во градот. Првата беше изградена и становите распределени пред повеќе од две децении. 

ПредходнаМицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, граѓаните да бидат спокојни, струјата нема да поскапи
СледнаСаздов сведочеше што се случувало пред самоубиството на Ивана