дома Македонија Саздов сведочеше што се случувало пред самоубиството на Ивана

Саздов сведочеше што се случувало пред самоубиството на Ивана

Мартин Саздов кој денеска на судското рочиште сведочеше во случајот против Стојанче Јовановски, ги опиша последните моменти пред Ивана да се самоуби со нејзината шестгодишна ќерка Катја.
Според сведочењето на Саздов, Ивана му се јавила на телефон на Стојанче пред да се самоубие и побарала да ја вклучи камерата.
– Ивана му заѕвони на Стојанче, нешто зборуваа. Го прашав што е, а тој рече дека не ја разбрал. Го стави телефонот во џеб. Претпоставував дека му рекла дека нешто ќе направи, а тој си го стави телефонот во џеб и го исклучил звукот. Таа пак му ѕвонела, ама тој го стишал телефонот и не чул. Ивана ми се јави мене, рече „можеш ли да му кажеш на Стојанче да се јави на камера“. Му се јави, Стојанче ја вклучи камерата. Јас ѕирнав, ја видов Ивана како стои со Катја во рацете на терасата и сфатив што ќе направи. Викав „Ивана, немој да си направила глупост.“ Потрчав кон влезот и слушнав силен тресок (сведокот почна да плаче). Истрчав да видам што се случува, ја видов Ивана во крв целата. Почнав да трчам, мислев Катја е горе, па ми текна дека е заклучено, па се вратив назад, а кога стигнав ја видов и Катја до нејзе. Викав ве молам викајте брза помош, не знаев што да направам, сведочеше Саздов.
Пред кобниот момент, откако ја зеле Катја од школо, Ивана заедно со Стојанче и Саздов се качиле во станот за Ивана да земе алишта за неа и детето и да замине кај нејзината мајка.
– Кога стигнавме пред зградата, сакав да ги почекам долу, ама Стојанче ми рече да влезам во гаражата „Не може таа да оди сама во мојот стан, ќе ме намести нешто.“ Му реков „нека се качат да си земат работи, нема ништо да ти земе.“ Тој одговори „Не, нема да ја оставам сама, ќе се качиме сите заедно.“ Јас не сакав да се качам, ми беше непријатно, ама ми беше страв да ги оставам сами горе, па се качивме сите. Отклучија, јас стоев пред вратата, Ивана и Катја влегоа, Стојанче влезе по нив. Ѝ рече „земи што ти треба и губи се“. Ивана му одговори „Излези ти, јас само да го спакувам ранчето на Катја, да си одбере што сака да земе.“ Стојанче сакаше пак да ја урди, а Катја ја гушкаше Ивана за ногата. Го фатив за рака, го повлеков, тој рече „Оваа пак ќе ме намести, ќе ми остави нешто дома.“ Ѝ реков на Ивана „еве нека стои малку подотворена вратата, јас ќе бидам пред врата, земи си што треба.“ Ивана ја затвори и ја заклучи вратата. Не се слушаше ништо од станот, јас заѕвонив, прашав „како си Ивана“, рече „еве за 5 минути сме спремни.“ После ја отвори вратата, рече „јас не сакам да си одам, ќе легнеме малку со Катја да спиеме“, сведочеше Саздов.
Тој потврди дека дента пред кобниот момент Стојанче повторно ја тепал Ивана и дека полициски службеници дошле пред судот постапувајќи по пријава.

ПредходнаЗа 47 социјални станови во Дебар, доставени 85 барања
СледнаЗголемување на водостојот на реките поради најавените врнежи