Вработен од Министерството за внатрешни работи возел во спротивна насока, а кога бил запрен од полициски службеник, му се заканувал. Приведен е 45-годишниот полициски службеник со иницијали С.Р.
На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за идентификација, С.Р. се претставил дека е вработен во МВР и рекол дека нема лична карта, по што почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник, информира МВР.
Против полицискиот службеник ќе бидат поднесени соодветни пријави.




