дома Македонија Савески со коментар за оставката на обвинителката Ристоска

Савески со коментар за оставката на обвинителката Ристоска

По оставката на обвинителката Ленче Ристоска, со коментар се јави јавниот обвинител Ненад Савески кој изрази жалење за ваквата одлука на Ристоска.
– Она што сакам да го истакнам е дека Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда. Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска, вели Савески.
Савески вели дека Ристоска го известила преку СМС порака, а за причините разбрал од медиумите. Тврди дека сите негви одлуки од почетокот на неговото назначување се во насока да се гарантира независноста и самостојноста во работењето на Јавното обвинителство.
Ја користам оваа прилика да ги повикам сите јавни обвинители заедно и секој поединечно, да не дозволиме ништо да влијае врз нашиот професионален интегритет и секојдневна работа. Воедно, упатувам повик и до сите општествено влијателни субјекти да создадат атмосфера во која угледот на обвинителството нема да се загрози, бидејќи тоа е во интерес не само на јавното обвинителство, туку и на сите граѓани кои што ги остваруваат своите индивидуални права и слободи меѓу останатото и преку работата на оваа институција, вели Савески во одговорот по оставката на обвинителката Ристоска.
Ристоска ги водеше предметите против ВМРО-ДПМНЕ кои и беа одземени откако јавниот обвинител Савески на брифинг со новинарите информираше дека ги повлекува сите претходно дадени овластувања.
Ристоска имаше поднесено и претставка до Советот на јавни обвинители но тој не најде дека е нарушена нејзината самостојност од страна на премиерот Христијан Мицкоски, кој во интервју употреби термин медиокритет со клиентелистичко-политичка матрица.

Ленче Ристоска си поднесе оставка од обвинителската функција

ПредходнаВо училиштето на Катја разбрале за семејното насилство од мајката на Ивана
СледнаСосетка на Јовановски двапати пријавувала во полиција