дома Македонија СДСМ му поднесе кривична пријава на гувернерот Славески

СДСМ му поднесе кривична пријава на гувернерот Славески

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески поради основано сомнение за несовесно постапување и грубо кршење на законските обврски.

– Прво, пробиен е законскиот рок за предлог на вицегувернери, со што е директно загрозено легалното функционирање на Народната банка. Второ, постојат сериозни индиции дека по истекот на мандатите, на лицата им се исплаќале плати за функции кои веќе не смееле да ги вршат. Трето, овие лица продолжиле да носат одлуки во Советот на Народната банка и по истекот на роковите, што ги прави тие одлуки правно спорни и ништовни, изјави генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ пред Јавното обвинителство.

        Од Обвинителството бараат да ги испита сите наводи, да обезбеди докази и да покрене постапка.

– Ајде да видиме дали Обвинителството ќе постапува по закон или по налог на Мицкоски? СДСМ нема да молчи. Ова е само почеток. Нема да не запре никој. Борбата продолжува. И сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат, ако не денес, тогаш кога правосудството ќе биде слободно, рече Димитријевиќ.

Од Народната банка неодамна ги отфрлија тврдењата дека се кочел изборот на вицегувернери и дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање.

ПредходнаЛенче Ристоска си поднесе оставка од обвинителската функција
СледнаДо сабота облачно со дожд, од недела вистински пролетно