дома Локално Скопјани од денес имаат нов возен ред на ЈСП

Скопјани од денес имаат нов возен ред на ЈСП

Во Скопјe од денес ќе се вози по нов возен ред на дел од линиите на ЈСП, откако Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека од 4 април стапуваат во сила измени во рамки на единствената мрежа на линии во градот.

Според ЈСП, измените се воведуваат со цел усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, а нивната намена е да придонесат за подобра организација и поголема ефикасност на јавниот превоз.

Од претпријатието наведуваат дека новиот возен ред се однесува на дел од линиите, а деталните информации за измените, вклучително и статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, се достапни на официјалната веб-страница на ЈСП.

Промените доаѓаат во период кога јавниот превоз повторно е во фокусот на граѓаните, особено поради секојдневните реакции за редовноста, гужвите и функционалноста на автобускиот сообраќај во Скопје.

ПредходнаУште денеска ќе се сврти времето
СледнаЛазареви поворки по повод Лазарева сабота