дома Локално Започнува големото велигденско патување

Започнува големото велигденско патување

Започнува големото патување за Велигден .

Денес – последниот работен ден од неделата, се очекува густ сообраќај на излезите од поголемите градови, и секако автопатиштата и граничните премини.

Прогнозите се дека, најголем дел на граќаните ќе го напуштат Скопје, и ќе заминат во своите родни места во внатрешноста на државата . Сепак  најпрометниот сообраќај ќе биде на автопатиштата кои водат кон соседна Грција, Србија и веќе распродадените сместувања, традиционално во Охрид.

 Со стартот на  големата велигденска миграција предупредувања за патиштата да се вози според поставената сиоглаизација и да се има трпение на граничните премини, која слика ќе треба да се издржи во ПОнеделник по враќањето дома.

Препораките за препивање, прејадување, по долгиот пост , за големиот христијански празник Велгден, допрва ќе стигнат од здравствените институции

 Во сабота и недела, полициските екипи ќе вршат засилени контроли за употреба на алкохол   од страна на возачите. Ќе има   полициско присуство и  ок околу црквите и манастирите, каде истоа така ќе има дополнителна регулација на сообраќајот.

Понеделник (6 мај) вториот ден на Велигден според православниот календар се неработни денови за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Исто така, од МТСП информираат дека Велики петок (3 мај) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

ПредходнаДали Трамп ја копира Никсоновата „теорија за лудак“?
СледнаНаправени токсиколошки анализи на починатите во Пулс, резултатите ќе бидат кажани на суд