дома Локално Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за...

Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за семејства во социјален ризик

Во пресрет на велигденските празници, Општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија.

Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници.

Акцијата има за цел да обезбеди поддршка за најранливите категории граѓани и да придонесе празничните денови да бидат исполнети со достоинство, топлина и грижа за сите.

„Во духот на Велигден – празник на надежта, солидарноста и човечноста, важно е да покажеме дека никој не е сам. Оваа поддршка ја даваме континуирано и ќе продолжиме и во иднина. Како општина, остануваме посветени на помош за граѓаните на кои им е најпотребна“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со реализација на мерки и активности насочени кон подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, со посебен фокус на социјално ранливите категории.

ПредходнаНестабилно пролетно време низ Македонија
СледнаЗа Велигден во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим, автобусите ќе возат по неделен распоред