дома ТОП ВЕСТИ ВИДЕО Две лица се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје

ВИДЕО Две лица се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје

 НА снимката од безбедносните камери  се гледаат две лица со кациги кои ја прескокнуваат оградата , попрскуваат беzнин , го палат и бегаат.

Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, објави видео-снимка од обидот за опожарување на синагогата во Скопје, направена од безбедносни камери.

На снимката се гледаат две лица како прескокнуваат ограда и се доближуваат до влезот на објектот. Потоа, тие прскаат со запалива течност, по што фрлаат бакља и предизвикуваат пожар.

 

 Од МВР потврдија дека во двор на верски објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење.

Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и апелира до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

ПредходнаОбид да се запали верски објект на Еврејската заедница во Македонија
СледнаФилипче: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта