дома Македонија Над 272 килограми небезбедна храна уништени пред Велигден

Над 272 килограми небезбедна храна уништени пред Велигден

Повеќе од 272 килограми небезбедна храна се откриени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигденските празници.

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека на депонијата Дрисла биле уништени повеќе од 40 тони небезбедни јајца по потекло од соседна Србија.

Изречени се парични казни од над 19 илјади евра.

– Со контролите, кои беа насочени кон сите сегменти од синџирот на храна утврдено е и дека седум од објектите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ. Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените лица и не ги исполнувале барањата во однос на стручната подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите за работа, информира АХВ.

ПредходнаПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
СледнаЛевица: Партизација и прераспределби во Министерството за земјоделство