дома Македонија Црна хроника Пет нови случаи на семејно насилство регистрира полицијата

Пет нови случаи на семејно насилство регистрира полицијата

Пет нови пријавени случаи за семејно насилство евидентира полицијата во последното деноноќие. Според Министерството за внатрешни работи, приведено е едно лице.
Приведен е 43-годишен битолчанец со иницијали Г.Б. затоа што физички ја нападнал својата мајка. Случајот е евидентиран вчера попладне.
Случај на семејно насилство вчера е евидентиран и во Куманово каде 65-годишна жена пријавила дека подолг временски период нејзиниот син И.А.(35) агресивно се однесувал и психички ја малтретирал.
Физичко и психичко насилство од својот партнер пријавила и 56-годишна жена од струшко. Дента кога го пријавила случајот во полиција, била избркана од дома, а партнерот и ги зел клучевите од домот.
И во Скопје вчера се регистрирани два случаи на семејно насилство. Во едниот случај 59-годишна жена пријавила дека околу 13 часот на подрачјето на Центар нејзиниот поранешен сопруг Љ.Ц.(65) упатувал закани кон неа и нивниот син, а во вториот случај 48-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен партнер Д.Н.(51) упатувал телефонски закани кон неа и нејзините деца.
ПредходнаСДСМ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски
СледнаГолем пожар проголта три коли попладнево на паркингот под Скопското Кале