дома Македонија Левица: Власта со закон ќе дозволи да се издаваат дозволи за експлоатација...

Левица: Власта со закон ќе дозволи да се издаваат дозволи за експлоатација без решени имотно-правни односи

Политичката партија Левица предупредува дека власта преку два предлог закона се обидува да издава дозволи за експлоатација без решени имотно-правни односи.

– Деновиве во Собранието се пристигнати два предлог-закони по скратена постапка, едниот за концесии и јавно приватно партнерство, а другиот за минерални суровини, со кои буквално им се дава амин на насилничките странски компании да можат да ги занемарат законите за приватна сопственост, за јавни набавки и за заштита на конкуренцијата. Со ова се отвара можност да им се одзема имотот на граѓаните доколку постои интерес за одредена локација, како и политичка селекција на концесиите, велат од Левица.

Оттаму велат дека нема да дозволат да се усвојат овие закони. 

 

ПредходнаСе помалку медицински сестри на одделенијата за интензивна нега
СледнаМинибус со навивачка група од Охрид нападнат од група граѓани