За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ветровито особено денес кога ќе дува повремено силен ветер од северен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Во југоисточните делови од државата се очекува краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11, а максималната од 16 до 22 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Во понеделник од вечерните часови до среда ќе биде нестабилно со врнежи од дожд,а во вторник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.




