СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски поради, како што велат, сериозни, континуирани и процесуирани случаи на системска корупција, злоупотреба на службената положба и кршење на законите.
Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство, на прес-конференција во седиштето на СДСМ, рече дека ВМРО и Трипуновски го претвориле Министерството во своја приватна фирма за бизнис и партиски интереси.
– Долга е листата на факти, докази и аргументи за комплетно неодговорното и криминално функционирање во овој период. Наша обврска е да направиме сè тоа да престане и земјоделците да бидат заштитени, рече Николовски.
Интерпелацијата, рече Николовски, ја поднесуваат поради корупцијата посочувајќи дека директорот на Платежната агенција и директорот на Инспекторатот за земјоделство биле фатени со мито, кратењето на буџетот за земјоделците, копалсот на програмата за рурален развој….




