Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ била поставена вечерта кога се случи пожарот, сведочеше денеска студентка од Штип која пристигнала со пријатели околу еден часот по полноќ во дискотеката.
Сведочеше дека нивната маса била непосредно до бината и дека на пријателка и рекла дека пиротехниката се наоѓа многу блиску до гостите. Додека снимала со мобилниот телефон, забележала дека набрзо започнал пожарот.
– Видовме дека гори плафонот, не го сфативме веднаш сериозно, но кога еден член од бендот повика да излеземе, тргнав кон излезот, сведочеше студентката.
Според нејзиното сведоштво, на влезот кога доаѓала во дискотеката имало двајца обезбедувачи.
Во пожарот во дискотеката Пулс што се случи на 16 март лани загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.




