дома Македонија Политика Во Скопје се одржува ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско и Јонската...

Во Скопје се одржува ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско и Јонската Иницијатива (ЈЈИ)

  Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели односно спикери на парламенти  на Јадранско и Јонската Иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во рамките на претседавањето на нашата држава со оваа Иницијатива.

 

На состанокот е најавено присуство на претседатели, заменик-претседатели и пратеници од парламентите на државите членки на ЈЈИ – Република Северна Македонија, Република Албанија, БиХ, Хрватска, Република Грција, Црна Гора, Италијанска Република, Сан Марино, Република Србија и Република Словенија, како и претставници од Секретаријатот на ЈЈИ.

Учесниците на Конференцијата ќе се фокусираат на две клучни теми на кои ќе бидат посветени двете сесии: „Промовирање на мирот и стабилноста преку парламентарната дипломатија“ и „Зајакнување на регионалната поврзаност: Коридорите VIII и X и улогата на парламентите“.

На Конференцијата, покрај претседателот Гаши, обраќање ќе имаат и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова; потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николовски; заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски; Ризван Сулејмани, вонреден професор, поранешен министер и поранешен пратеник, Драгана Бојковска, пратеничка, претседателка на Клубот на младински прашања и политики на Собранието, Абдулменаф Беџети, академик, поранешен министер и поранешен пратеник и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора.

Јован Митрески на Африм Гаши поладнево му ја примопредаде функцијата претседател на Собранието и му честита за изборот.Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ) која е основана на Самитот за развој и безбедност на Јадранското и Јонското Море, Анкона (Италија) на 19 и 20 мај 2000 година и чија цел е јакнењето на регионалната соработка, промоција на политичка и економска стабилност, како солидна основа за процесот на европска интеграција, ја сочинуваат четири земји членки на Европската Унија и шест земји кои не се членки на ЕУ.

ПредходнаВо Битола отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама
СледнаТрагедија во Кисела Вода: РАботници затрупани во ископ за нова зграда