Во акција на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на повеќе кривични дела.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во рамки на акцијата, по претходна судска наредба, се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.
Според информациите, меѓу приведените има дерматолози, како и вработени во болницата „8 Септември“, како и сопственици на приватни ординации.
Акцијата е спроведена по наредба на Обвинителството за организиран криминал, а претреси се извршени на неколку локации, вклучувајќи ги и Скопје, Струмица и Битола.
Се сомнева дека оваа група набавувала медицински препарати на организиран начин без потребните дозволи и контроли, по што тие понатаму биле дистрибуирани и користени во естетски третмани.
Властите ги товарат осомничените за неколку кривични дела, вклучувајќи злосторничко здружување, примање мито и злоупотреба на права во областа на индустриската сопственост.
За време на претресот е запленета голема количина медицински препарати, пари, мобилни телефони и луксузно возило.
Засега нема официјални информации дали спорните препарати биле користени кај пациенти, ниту дали има евентуални последици по нивното здравје.
Истрагата е во тек.




