Движењето ЗНАМ ќе го изнесе својот став околу двојното државјанство на именуваните функционери откако ќе помине јавната дебата и кога ќе биде подготвен конечниот предлог-текст.
Најавено е дека ќе има стручна и научна дебата во јавноста по ова прашање и кога ќе се има конечен текст, ЗНАМ ќе се произнесе по ова прашање во јавноста, изјави денеска портпаролот на партијата Никола Мемов.
Откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе закони измени со кои бара пратениците да имаат само македонско државјанство, опозициската СДСМ побара истото да важи и за претседателот на државата и за Владата.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова смета дека постои правна можност со закон да се воведе ограничување и за претседателот и за министрите.
– Постои можност со закон да се ограничи двојното државјанство и сметам дека тоа треба да се однесува и на претседателот и на министрите, изјави минатата недела Сиљановска-Давкова.




