дома Локално ОПАСЕН лет: Параглајдер падна на шеталиште во Охрид – удри во улична...

ОПАСЕН лет: Параглајдер падна на шеталиште во Охрид – удри во улична светилка…

На видео споделено на Јутјуб каналот на Ohrid1.com се гледа како параглајдер-тандем , слетува во урбана средина на пешачка патека среде Охрид, , прво удира во улична светилка на шеталиште, пред да падне на само метар-два од повозрасен пар. Очигледно е дека имале опасен лет и принудно слетување, го изгубиле правецот  и за  среќа, инцидентот поминал без повредени.

Видеото од страшниот настан го сподели охридскиот портал Ohrid1.com на нивниот Јутјуб канал, а инцидентот се случил на пешачката патека кај Студенчишта.

Како што пренесува порталот, со параглајдерот управувал параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи, тандем лет, но очигледно не било се под контрола во летот.

 
ПредходнаВИДЕО Трамп дава интервју: Живееме во луд свет. Јас не сум силувач. Јас не сум педофил
СледнаАрагчи замина за Москва, иранско-американските преговори се во ќорсокак