дома Локално Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел

 Поради технички зафати денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Бутел. 

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Владимир Полежиновски“ и „Стефан Јакимов-Дедов“ во Центар, а во истиот временски период без вода ќе бидат и корисниците на дел од улиците „Париска“ „Варшавска“ и „Хелсинки“, вклучително и СУГС „Георги Димитров“ во Карпош. Од 9 часот без вода ќе останат и корисниците на дел од улицата „Бутелска“ и дел од населбата Бутел 1.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санациите.

ПредходнаСветски ден за безбедност и здравје при работа
СледнаСудење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди