дома Локално Автобусите во Скопје со зимски возен ред, изменети траси на повеќе линии

Автобусите во Скопје со зимски возен ред, изменети траси на повеќе линии

 

Од ЈСП Скопје информираат дека автобусите во јавниот градски превоз сообраќаат по зимски возен ред.

Како што соопштуваат од претпријатието, поради изведување градежни работи на одредени делници, изменета е трасата на движење на повеќе автобуски линии.

Станува збор за линиите 3б, 4, 7, 9, 18, 23, 24, 44, 54 и 118, кои во одредени делови од своите рути сообраќаат по изменет режим.

Од ЈСП апелираат до граѓаните да ги следат тековните информации и да ги почитуваат привремените измени, со цел непречено користење на јавниот превоз.

ПредходнаИзбори за ректор на државниот УКИМ
СледнаЈубилејно 10-то издание на Today it’s all about jazz на 30 април во Скопје