дома Македонија Црна хроника Двајца малолетници завршија во болница – врсник ги нападнал со нож и...

Двајца малолетници завршија во болница – врсник ги нападнал со нож и штрафцигер

Полициски службеници од СВР Тетово вчера лишиле 15-годишник од с. Желино, постапувајќи по пријава истиот ден во 16:40 часот од Клиничка болница Тетово дека кај нив биле донесени А.К. (19) и М.А. (18) со повреди од остар предмет.

-По преземени мерки, утврдено е дека тие пред средно училиште во Тетово биле нападнати со остар предмет од 15-годишникот, кој исто така се здобил со повреди, вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Извршен е увид на местото на настанот и при тоа пронајдени се нож и штрафцигер.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПредходнаПарно ќе има за 1 мај: Грејната сезона продолжува уште два дена
СледнаТошковски до Петровска: Изнесувате тези кои се блиски до научна фантастика