дома Македонија Расчистен случајот со опожарувањето на верскиот објект на Еврејската заедница, приведени седум...

Расчистен случајот со опожарувањето на верскиот објект на Еврејската заедница, приведени седум лица

Седум лица се приведени под сомнение дека се учесници во опожарувањето на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје што се случи на 12 април.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се извршени претреси на 13 локации на територија на Скопје и дека се одземени предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело.

Две лица – 21 годишник и 38-годишник се сомничат за кривично дело Тероризам и одредена им е мерка притвор.

– По наредба на јавен обвинител, лицата се задржани за понатамошна постапка, по што од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е поднесена кривична пријава против А.Љ (21) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б и А.Р. (38) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од КЗ во врска со член 24 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор, информира МВР.

ПредходнаЛаура Гњатовиќ ќе се мажи за кошаркар во јуни 2027 година, откри каква свадба сака
СледнаНа 19 години ги бакна Џенифер Анистон и Ема Робертс на снимањето: „Беше непријатно“