дома Македонија Мицкоски за протестот на ССМ: Традиционален првомајски протест

Мицкоски за протестот на ССМ: Традиционален првомајски протест

Традиционален првомајски протест, вака премиерот Христијан Мицкоски го класифицираше денешниот протест организиран од Сојузот на синдикати на Македонија од кој беа испратени пораки за поголеми плати за достоинствен живот на работниците, почитување на колективните договори и плаќање на прекувремената работа.

– Ова нивно протестирање денеска го класифицирам во групата традиционални првомајски протести кои, впрочем и синдикатите треба да ги прават. Право на секој граѓанин е да протестира и да се бори за поголеми права. Ние сме демократска држава, ова е демократска Влада, така што ние тоа право го почитуваме, изјави Мицкоски кој е во посета на Охрид.

Трендафилов: Со плата под 600 евра живеат 260.000 работници

Рече дека дел од синдикатите што денеска протестирале во Скопје биле со него на прес-конференција кога беше постигнат договорот за платите на вработените во јавната администрација.

ПредходнаТрендафилов: Со плата под 600 евра живеат 260.000 работници
СледнаЛишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило