Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Ерменија каде ќе учествува на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“.
Кабинетот на претседателката соопшти дека таа ќе учествува на тркалезната маса „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“, со којашто ќе претседаваат премиерите на Хрватска и Норвешка, Андреј Пленковиќ и Јонас Гар Шторе.
Во дискусијата, предвидено е учество на премиерите на Белгија, Канада, Грузија, Словачка и Обединетото Крaлство, сојузниот канцелар на Австрија, генералниот секретар на ОБСЕ, како и на претседателката на Европската комисија.
Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со претседателот на Ерменија, Вахан Хачатурјан.




