дома Македонија Сиљановска-Давкова во Ерменија на самит на Европската политичка заедница

Сиљановска-Давкова во Ерменија на самит на Европската политичка заедница

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Ерменија каде ќе учествува на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“.

Кабинетот на претседателката соопшти дека таа ќе учествува на тркалезната маса „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција“, со којашто ќе претседаваат премиерите на Хрватска и Норвешка, Андреј Пленковиќ и Јонас Гар Шторе.

Во дискусијата, предвидено е учество на премиерите на Белгија, Канада, Грузија, Словачка и Обединетото Крaлство, сојузниот канцелар на Австрија, генералниот секретар на ОБСЕ, како и на претседателката на Европската комисија.

Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со претседателот на Ерменија, Вахан Хачатурјан.

ПредходнаЕколозите до претседателката: Не го потпишувајте Законот за минерални суровини, отровот не е патриотски или демократски, ќе ни ја уништи татковината
СледнаПривршува собирањето на документите за екстрадиција на Груевски