Информациите дека дел од компаниите вршеле реекспорт на бензин и дизел во соседните држави, Владата ги добила од лица кои се во тој бизнис. Проверките на овие информации се уште се во тек.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека станува збор за најмалку една компанија.
– Наше е да провериме и во зависност од тие проверки како Влада ќе реагираме. Проверките се уште течат. Најмалку за една компанија се работи, рече Мицкоски по панихидата во црквата „Св. Спас“ каде беа одбележани 123 години од смртта на Гоце Делчев.
Мицкоски викендов кога за првпат ја обелодени оваа информација апелираше до компаниите да не го прават тоа затоа што нашите граници не се затворени и граѓаните од соседните држави можат да точат гориво без проблем.




