Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. На денешното рочиште треба да сведочи вешто лице од судска медицина.
На минатото рочиште беше презентирана медицинска документација за загинатите и повредените во пожарот при што беше посочено дека најголем дел починале од штетни гасови и интоксикација, тешки телесни повреди со изгореници на лицето, рацете, телото и грбот. Дел од нив имале и нагмечувања на главата и телото, скршени ребра и инхалаторни повреди.
Во пожарот починаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Пожарот се случи на 16 март минатата година за време на концертот на бендот „ДНК“.




