Десет месеци затвор доби Јасмина Костадинова, вработена во Министерството за земјоделство, која призна вина за примање награда од 2000 евра во случајот со злоупотребата на средства од ИПАРД фондовите.
Во казната и се пресметува и времето поминато во куќен притвор од ноември лани и времето до правосилност на одлуката, а нејзиниот адвокат Звонко Давидовиќ изјави дека прво ќе ја причекаат пресудата во писмена форма па потоа ќе одлучат дали ќе поднесат жалба.
При претресот во домот на Костадинова беа откриени осум илјади евра, кои со судска одлука ќе и бидат конфискувани, иако таа на минатото рочиште призна вина и ги побара назад останатите 6 000 евра.




