дома Македонија СДСМ со прашање до Филков: Дали се испратени документите за екстрадиција на...

СДСМ со прашање до Филков: Дали се испратени документите за екстрадиција на Груевски

Социјалдемократкиот сојуз денеска со прашање до министерот за правда Игор Филков дали се испратени документите за екстрадиција на поранешниот премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој има азил во Будимпешта.
         Од СДСМ денеска посочија дека Полска која исто така има поранешни функционери вo Будимпешта за еден ден ги комплетирала документите за нивна екстрадиција.
– Министерството за правда вчера соопшти дека „постапката за Груевски се води институционално и без политички влијанија“.
Прашањето на кое треба да одговорат Филков и Министерството за правда е едноставно и јасно: Дали ги испратија документите за екстрадиција на Никола Груевски или не?
Наместо да одговорат на ова основно прашање, се кријат зад бирократски фрази. Велат дека „комплетираат документација“.

Еден месец не можат да ја комплетираат документацијата, праша генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ пред Министерството за правда.

ПредходнаВо четврток прскање против комарци во Скопје
СледнаЗаконот важи подеднакво за сите, вели Мицкоски за членот на неговото обезбедување